СИРИЈА

Најмалку седум лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во сирискиот град Азаз

31.03.2024 12:06

Кога експлодирала бомбата, пазарот бил полн со купувачи кои се подготвувале за крајот на светиот муслимански месец Рамазан...

Најмалку седум лица загинаа, а многумина се ранети во експлозија на автомобил-бомба на фреквентен пазар во сирискиот град Азаз во близина на турската граница.

Кога експлодирала бомбата, пазарот бил полн со купувачи кои се подготвувале за крајот на светиот муслимански месец Рамазан. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во градот Азаз, што го водат протурските милиции кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад е сместена сириската привремена влада, опозициска група која тврди дека е легитимна власт на земјата.