Турција

Во Турција денеска се одржуваат локални избори

31.03.2024 12:19

Се избираат градоначалници, началници на области и локални функционери кои ќе ја извршуваат функцијата во следните пет години, вклучително и градоначалници во Истанбул, Анкара и во Измир...

Во Турција денеска се одржуваат локални избори. Над 61 милион гласачи на повеќе од 200 илјади избирачки места имаат можност да го дадат својот глас за кандидатите од 34 политички партии.

Се избираат градоначалници, началници на области и локални функционери кои ќе ја извршуваат функцијата во следните пет години, вклучително и градоначалници во Истанбул, Анкара и во Измир. Фаворити се владејачката партија на правдата и развојот, главната опозициска републиканска народна партија, партијата за националистичко движење и демократската партија на народите.

Главната битка се води за Истанбул каде што анкетите покажуваат тесна трка меѓу главните политички противници.