БАЛТИМОР
Почна процесот на санирање на мостот во Балтимор
31.03.2024 12:22
Во сложениот процес се користи посебен алат за сечени и отстранување на металните греди, а вклучени се и седум пловечки кранови, вклучително и најголемиот во светот кок може да подигне илјада тони...

Инженерски тимови почнаа со сложениот процес за санирање на мостот во Балтимор што се сруши откако во него удри товарен брод.
Во сложениот процес се користи посебен алат за сечени и отстранување на металните греди, а вклучени се и седум пловечки кранови, вклучително и најголемиот во светот кој може да подигне илјада тони.
По несреќата во водите на реката беа пронајдени двајца од шестмината исчезнати работници. По четворицата сè уште се трага. Сè уште утврдуваат причините за несреќата.
