Католиците го прославуваат Воскресението Христово – Велигден
Денеска е католички Велигден. Се слави воскресението на Исус Христос, победата на животот над смртта. Во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ се одржа велигденска миса. Верниците денеска ќе се соберат на богата семејна трпеза …

Католиците го прославуваат најсветлиот празник во годината, Воскресението Христово – Велигден. Со свеќа в рака се помолија за среќа, здравје и бериќет.
Во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ на утринска миса беше отслужена воскресна литургија. „Да бидеме радосни сведоци на Исусовото Воскресение со својот живот и својот збор, каде и да сме“, кажа во својата проповед скопскиот бискуп, монсињор Киро Стојанов, посакувајќи среќен празник со поздравот „Христос Воскресна“.
Верниците со порака, да бидеме сплотени во верата и да си помагаме меѓусебно.
„Од Хрватска сме, од Сплит. Дојдовме во посета кај роднини. Утрото го започнуваме со миса, потоа се собираме на семеен ручек со сите адети. На трпезата задолжително има јагнешко. Сакам да им посакам на верниците среќен и благословен Велигден“, рекоа дел од присутните верници.
Ние сме Исусови ученици и ја имаме истата задача како и првите ученици. „Мир вам! Како што ме прати Отецот, така и јас ве праќам вас“ рече скопскиот бискуп, монсињор Киро Стојанов.
Александра Спировска
