Колку пензионерите им веруваат на политичарите?
Политичките партии ќе ги почнат кампањите, во нивните програми нудат решенија. Па и за околу 337.000 пензионери. Колку тие им веруваат и колку се реални понудите? Имаат и свои предлог решенија и бараат политичарите да обратат реално внимание на нивните маки…

Околу 337.000 пензионери од кои повеќе од третина се со ниски примања, сега се дел и од партиските програми и понуди за решавање на нивните проблеми.
Процентот на ниски примања е повисок меѓу прилепските пензионери. Дури половината од 1.000 се со пензии до 14.000 денари.
Според онаа народната „Кој се изгорел на млекото – дува и на матеницата“, пензионерите се без доверба во политичарите.
Остануваат барањата за достоинствен живот и за линеарно покачување на пензиите. Четиримесечните протести изнедрија нивен предлог-закон во кој, велат, се опфатени сите категории пензионери. Бараат политичарите да ѕирнат во него и да го прифатат.
И за пензионерите и за политичарите, претстои период на убедувања во намерите.
Елизабета Митреска
