Исламска држава на Ирак и Левант со голема брзина ја шири територијата
Во Ирак живеат повеќе етнички групи, сите под знамето на исламот, но се разликуваат по радикалноста. Трите доминантни заедници се арапските Шиити кои сочинуваат 60 насто од населението, потоа арапските сунити со околу 20 проценти, а во третата група спаѓаат курдите со 15 насто од населението.
Најрадикалната етничка група сунитите, предводени од терористичката група Исламска држава на Ирак и Левант со голема брзина презема контрола врз повеќе ирачки градови, ставајќи ја под знак прашање иднината на Ирак.

Како што сугерира името, целта на организацијата е да формира исламистичка држава односно калифат. Офанзивата на сунитските екстремисти на западот на земјата е најголема во последните години, но не и неочекувана.
Ирачките сунити се длабоко разочарани од систематската маргинализација од страна на владата во Багдад во која доминираат Шиитите. Тоа е најголемата закана за стабилноста на земјата по повлекувањето на американските трупи кон крајот на 2011 година.
Областите кои што групата тврди дека ги контролира се голем дел од територијата на којашто претходно активна беше Ал Каеда. Во почетокот од месецот, припадниците на Исламистичката Држава го зазедоа вториот по големина ирачки град, Мосул–откако претходно го презедоа и централниот град Фалуџа.
Инаку Исламската држава редовно објавува извештаи за своите терористички активности на Блискиот исток. Според нив, во 2013 година групата спровела речиси 10.000 операции во Ирак, 1.000 ликвидации, поставила 4.000 импровизирани направи и ослободила стотици радикални затвореници.
Марина Автовска