Иконата на Св. Георгиј пристигна дома
Во манастирот „Рајчица“ свечено пречекана првообразната икона на Свети Георгиј вистински споменик на византиските уметност и духовност. Оригиналната настанала во Константинопол која најнапред била подарок од ромејскиот Јован VIII Палеолог за некогашното Молдавско кнежевство, во првата четвртина на 15-ти век...

Рајчичкиот манастир збогатен со уште една голема светост. Изобразената икона на свети Георгиј, верна копија на оригиналната чудотворна молдавска икона од 15-ти век, пристигна во својот дом. Свечено пречекана со воена гарда, оркестар, молитви, опход.
Иконата посочи игуменот на Бигорскиот манастир во себе содржи еден голем наратив на вера, благочестие, храброст, но и божествени чуда.
Чудотворната оригинална икона која сега се наоѓа во манастирот Зограф на Света Гора е тесно поврзано и со нашите простори
Претставници од Бигорска обител иконата која сега го краси Рајчичкиот манастир беше однесена и осветена во Света Гора, во двата манастири Ксенофонт и Зограф.
Зоран Димовски
