Објавена снимка поради која се тврди дека Данка е видена во Виена
Дел од српските медиуми објавија снимка на која наводно се гледа Данка во придружба на две Романки...

Исчезнатата 2-годишна Данка била видена во придружба на две Романки во Виена. Дел од српските медиуми објавија снимка на која наводно се гледа Данка во придружба на две Романки.
Според медиумите, видеото го снимил Србин којшто живее во Австрија. Наводно, тој им пришол на жените кои не разбирале српски и го повикувале девојчето со друго име на кое таа не се одѕвала. Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и им ги испратила на „Европол“ сите информации и снимката. Наводно станува збор за идентификување и лоцирање на девојчето, но официјална потврда нема.
Српскиот претседател Вучиќ ја коментираше посветеноста на полицијата во случајот, потврдувајќи дека околу три часот по полноќ, тие добила нова трага.
