Милош Вучевиќ е мандатар за состав на новата Влада на Србија
Милош Вучевиќ, поранешен министер за одбрана и лидер на владејачката Српска напредна партија го доби мандатот за формирање на новата Влада на Србија. Верувам дека Милош Вучевиќ има професионални и лични квалитети да ја извршува функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на влада, рече српскиот претседател Вучиќ...

Милош Вучевиќ има професионални и лични квалитети да ја извршува функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на Влада. Ја полагам мојата доверба на Милош Вучевиќ, имајќи предвид дека во претходниот период тој ги извршуваше одговорните функции на вицепремиер и министер за одбрана, со што покажа дека ја поседува посветеноста и стручноста потребни за извршување на функциите премиер, соопштени претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Во образложението на Вучиќ, новиот премиер на Србија ќе продолжи да ги реализира програмите насочени кон подигање на животниот стандард, проекти од областа на здравството, образованието, развојот на инфраструктурата, енергетиката, земјоделството, со доследно почитување на меѓународното право, регионалната соработка и грижата за виталните интереси на Србија и нејзиниот напредок на европскиот пат.
Инвестициска основа во мандатот на новата Влада, наведе Вучиќ, е реализирањето на специјализираната светска изложба „ЕКСПО 2027 Белград“,
И пред и да биде прогласен за мандатар, Вучевиќ изјави дека новата влада ќе има политика на континуитет, базиран на проектот „Скок во иднината, Србија 2027-ма“.
Новата влада мора да донесе и нова енергија и некои нови лица, некоја нова сила, оптимизам, да се бори заедно со претседателот, со собранието, за добросостојбата на сите нејзини граѓани
Вучевиќ по професија е адвокат, еден е од основачите на „Српската напредна странка“, и нејзин лидер од минатата година, бил десет години градоначалник на Нови Сад, министер за одбрана и вицепремиер во владата на Ана Брнабиќ.
Оваа одлука на претседателот Вучиќ се доставува до српското Собрание во кое мнозинство пратеници има СНС, со коалициониот партнер, партијата на Ивица Дачиќ и малцинските партии.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник за МТВ од Белград
