Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

01.04.2024 08:32

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени, а максималната од 21 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.