Денеска се одбележува Денот на шегата
На плоштадите во повеќе градови низ земјава денеска се организира маскенбал по повод први април – Денот на шегата. Децата изутринава од дома излегоа маскирани...

На плоштадите во повеќе градови низ земјава денеска се организира маскенбал по повод први април – Денот на шегата. Децата изутринава од дома излегоа маскирани. Среќни лица во училишните дворови и во градинките. Организирани во групи ќе се движат низ населбите.
Во општина Кисела Вода е организирана забава под маски, во 11 часот пред салата „Расадник“. За музичкиот дел се задолжени „Поточиња“, а потоа ќе дефилираат и маските. Најдобрите и најкреативните ќе бидат пригодно наградени.
Како изненадување на најмладите, ќе има и вртелешки, забавен парк и реквизити, бесплатни за сите посетители. Во текот на денот МТВ оттаму ќе ви ја пренесува атмосферата.
