Израел

Во Ерусалим почнаа антивладини протести

01.04.2024 08:54

Демонстрантите поставија шатори и ја поминаа ноќта пред Кнесетот. Бараат оставка од Нетанјаху и распишување избори...

Вчера во Ерусалим почнаа антивладини протести и како што е најавено ќе траат четири дена. Демонстрантите поставија шатори и ја поминаа ноќта пред Кнесетот. Бараат оставка од Нетанјаху и распишување избори. Опозицијата тврди дека протестите се единствениот спас за Израел. Израелскиот премиер изјави дека распишувањето избори во овој момент само ќе му користи на Хамас.

„Повиците за избори сега, среде војна, непосредно пред победата, ќе го парализираат Израел најмалку шест месеци, осум месеци според мојата процена. Ќе ги парализираат преговорите за ослободување на нашите заложници. Војната ќе заврши пред завршувањето на нејзините цели – а првиот што ќе ја биде задоволен, тоа e Хамас“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Израелската одбрана е подготвена за операција во градот Рафах. Израелските сили тврдат дека евакуираат цивили од зоната на операцијата и најавуваат пресметка со бригадите на Хамас, за кои велат дека се кријат во градот долж границата со Египет.