Избори

До утре на полноќ треба да се достават пратеничките листи

01.04.2024 08:59

Во трката се пет коалиции. Кампањата за претседателските избори пак почнува в четврток и ќе трае до 22 април на полноќ ...

Политичките партии и коалициите до утре на полноќ треба да ги достават пратеничките листи за парламентарните избори. Во трката се пет коалиции. Кампањата за претседателските избори пак почнува в четврток и ќе трае до 22 април на полноќ.

Првиот круг од гласањето за иден шеф на државата е на 24 април и ќе биде неработен ден. Политичките партии кои учествуваат на изборите, в среда ќе потпишат декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза. 

Потпишувањето на декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. Потпишувањето на оваа декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво, посочуваат организаторите.