Украина

Украинските воздухопловни сили соборија два од трите дронови „Шахед“

01.04.2024 09:04

Во текот на ноќта, украинските воздухопловни сили соборија два од трите дронови „Шахед“, лансирани од Русија, соопшти украинската армија ...

Руските сили тврдат дека уништиле три украински авиони Су-25 на аеродром во регионот Николаев. Во текот на ноќта, украинските воздухопловни сили соборија два од трите дронови „Шахед“, лансирани од Русија, соопшти украинската армија.

Според агенциите, ноќта била релативно мирна за Украина по серијата напади врз енергетската инфраструктура што Русија ги засили изминатите десет дена.