Турција

Републиканската народна партија, победи на локалните избори во Истанбул и Анкара

01.04.2024 09:11

Републиканската народна партија, главната опозициска партија во Турција, победи на локалните избори во Истанбул и Анкара...

Републиканската народна партија, главната опозициска партија во Турција, победи на локалните избори во Истанбул и Анкара. Партијата на Ердоган сè уште доминира во централна Турција и има поголем успех во областите уништени од земјотресот во февруари 2023 година.

За време на предизборната кампања, Ердоган истакна дека ова ќе му биде последна, бидејќи претседателскиот мандат му завршува во 2028 година.