Порошенко најавил едностран прекин на огнот
18.06.2014 17:30
Во својот мировен план Порошенко го повикува Путин официјално да ги признае новите украински власти што ја водат земјата од паѓањето на проруските власти во февруари годинава...

Украинскиот претседател Петро Порошенко најавил дека наскоро ќе наложи едностран прекин на огнот во својата земја, во склоп на мировниот план со кој има намера да им стави крај на сепаратистичките проруски бунтувања.
Ваквата најава на Порошенко доаѓа по синоќешниот разговорот со рускиот претседател Владимир Путин за евентуални прекини и по убиството на двајца руски новинари на источниот дел на Укарина.
Во својот мировен план Порошенко го повикува Путин официјално да ги признае новите украински власти што ја водат земјата од паѓањето на проруските власти во февруари годинава. Порошенко најавувајќи го прекинот на огнот, ветил амнестија за сите што ќе го положат оружјето, а не направиле тешки злосторства.
Од почетокот на судирите меѓу украинската војска и проруските бунтовници од средината на април до сега загинале 320 луѓе.
Соња Стојановска
