Германија
Германија го либерализира пазарот на канабис
01.04.2024 09:14
Германија од денеска го либерализира пазарот на канабис. Станува легално да се набавува до 25 грама марихуана дневно ...

Германија од денеска го либерализира пазарот на канабис. Станува легално да се набавува до 25 грама марихуана дневно или максимум 50 грама месечно за лична употреба преку регулирани здруженија, како и да се одгледуваат до три растенија дома.
За лица под 21 година, количината е ограничена на 30 грама. Од први јули жителите на Германија постари од 18 години ќе можат да се приклучат на „клубовите за канабис“ – непрофитни организации со најмногу 500 членови.
Германската опозиција бара поништување на законот.
