МВР

Пронајдена девојката што беше пријавена за исчезната

01.04.2024 09:53

Вчера полицијата ја најде исчезнатата девојка Енкеледа Чела, 20 годишна студентка од Албанија во близина на хотелот „Белви“...

Вчера полицијата ја најде исчезнатата девојка Енкеледа Чела, 20 годишна студентка од Албанија во близина на хотелот „Белви“. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека е во добра здравствена состојба.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје била пронајдена вчера попладне околу 18 часот.

Со неа бил извршен и разговор за причините за исчезнувањето. Исчезната беше пријавена во саботата во полициското одделение Петровец.