Шпанија утре со нов крал
18.06.2014 17:34
Фелипе Шести ќе го наследи престолот на татко му Хуан Карлос...

Шпанскиот крал Хуан Карлос денеска ќе потпише акт за абдикација. Со тоа и официјално ќе заврши неговото четиридецениско владеење. На престолот утре ќе седне неговиот син 46-годишниот Фелипе Шести.
Кралот Хуан карлос (76) на церемонија во Кралската палата во Мадрид, пред 150 гости, ќе го стави својот потпис на актот за абдикација, која ќе биде ратификувана од премиерот Мариано Рахој.
Мадрид се подготвува за утрешната церемонија за крунисување на Фелипе Шести.
Соња Стојановска
