Србија
Интерпол распиша жолта потерница за исчезнатата Данка Илиќ од Србија
01.04.2024 10:15
Интерпол отвори жолта потерница по двегодишната Данка Илиќ која исчезна изминатиот вторник во Бањско поле кај Бор...

Интерпол отвори жолта потерница по двегодишната Данка Илиќ која исчезна изминатиот вторник во Бањско поле кај Бор.
Жолтото предупредување значи дека деталите за Данка сепак може да се менуваат секој час. Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако се појави видео од Виена на кое се гледаат две Романки со девојче кое личи на Данка.
Се повикуваат сите граѓани доколку имаат информации за исчезнатото девојче веднаш да ги известат надлежните органи.
