На седмиот ден од потрагата по Данка Илиќ, истрагата се прошири и во Австрија
Вчера Интерпол распиша меѓународна потрага по двегодишното девојче Данка Илиќ од областа Бор во југоисточна Србија, кое исчезна на 26 март, откако се појавија сомневања дека девојче со сличен опис е видено во Виена, а во потрагата се вклучи и виенската полиција...

Седми ден од потрагата по двегодишниот Данка Илиќ која во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор. Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и австриската полиција, откако се појави видео снимка од пред два дена од Србин кој живее и работи во Виена на улица во австриската престолнина на кое се гледаат две Романски државјанки со девојче која личи на Данка Илиќ.
Интерпол распиша жолта потерница, а криминалистичката служба на покраината Виена на барање на српската полиција вчера започна истрага и веќе е испрашан државјанинот на Србија кој го снимил девојчето кое личи на исчезнатата Данка со двете жени.
Амбасадата на Србија во Виена апелираше до граѓаните доколку ја препознаат исчезнатата Данка Илиќ на територијата на Австрија веднаш да ја известат српската или австриската полиција.
Во Бањско поле и Бор од каде исчезна девојчето денес нема толкав голем број на полициски сили.
МВР на Србија работи на расветлување на околностите поврзани со видеото кое се појави од Виена, кое како што беше речено, е една од многуте траги на кои работат властите, а особено на трагата дека малечката Данка можеби веќе е во некоја од земјите на ЕУ, поради што беа проверени најблиските гранични премини со Романија и Бугарија.
Јавноста сè уште чека прецизни информации од истрагата, а се верува дека одреден одговор ќе даде и нарачаното вештачење на телефонот на мајката на Данка и избришаните пораки, како и повеќето нејзини профила на социјалните мрежи.
Од Белград за МТВ Оливер Бранковиќ
