БРИСЕЛ
Европски обвинители презедоа истрага за пораките на Фон дер Лајен и шефот на Фајзер
01.04.2024 11:07
Шефицата на Комисијата се сомничи за мешање во јавните работи, уништување на смс пораки, корупција и конфликт на интереси...

Европските обвинители истражуваат потенцијални кривични дела во врска со преговорите за набавка на вакцини против коронавирус, потврди Обвинителството во белгискиот град Лиеж. Во случајот се инволвирани претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер. Шефицата на Комисијата се сомничи за мешање во јавните работи, уништување на смс пораки, корупција и конфликт на интереси.
Истрагата првично беше отворена од белгиските правосудни власти по кривична пријава поднесена од локален лобист.
