БАЛТИМОР

Обновата на падниот мост во Балтимор може да достигне и до две милијарди долари

01.04.2024 11:14

Федералните власти им велат дека трошоците за обнова може да достигнат и до две милијарди долари. Администрацијата на Бајден издаде 60 милиони долари првична итна помош...

Екипите ја продолжуваат операцијата на отстранување на челикот и бетонот од паднатиот мост во Балтимор. Федералните власти им велат дека трошоците за обнова може да достигнат и до две милијарди долари. Администрацијата на Бајден издаде 60 милиони долари првична итна помош.

Се очекува средствата да помогнат во расчистувањето на остатоците и повторното отворање на пристаништето, кое е најголемо во САД за увоз и извоз на возила за земјоделство и градежна опрема. Мостот се урна по удар од брод.