Скопје
Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време
01.04.2024 11:25
Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека жичницата на Средно Водно од утре ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот...

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека жичницата на Средно Водно од утре ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови – потсетуваат од ЈСП.
