Повисоки мартовски пензии

Покачувањето е минимално, пензиите не се доволни да се помине месецот

01.04.2024 12:38

Над 300 илјади пензионери од денеска ќе добијат повисока пензија. Некои добија за 600, некои за 3.000 денари зголемување...

Пензионерите од денеска добиваат повисоки пензии. За 600 денари се зголемуваат минималните пензии од 12.000 денари и за околу 3.000 денари оние над 54.000 денари.

Покачувањето на пензиите е минимално и нема да се почувствува-велат пензионерите. Пензиите не им се доволни да го поминат месецот.

„Мора да живееме со надеж дека ќе биде подобро. Ова е мало зголемување, треба уште.“

„Со 9.700 кој ќе опстане, еве на рака ќе му ги дадам, јас лично.“

„Не очекуваме ништо, затоа што досега ветиле, но ништо не исполниле за нас пензионерите“

„И да ги покачат, тоа е ништо. Од ова потешко, не знам кога би можело да биде“-велат пензионерите кои ги анкетиравме.

На 140.000 пензионери со пензии од 12.500 до 16.000 ќе се зголемат за околу 600 до 800 денари.

На 93.000 пензионери со пензии од 20.000 до 32.000 ќе се зголемат за 1.250 денари.

Пензиите од 30.000 до 50.000 денари ќе се зголемат за 2.000 денари

Пензиите над 54.000 денари ќе се зголемат за околу 3.000 денари.

140.000 пензионери, или 40 насто кои земаат минимална пензија од 12.000 до 16.000 ќе добијат зголемување за 5,3 насто или од 600 до 800 денари. 93.000 пензионери со пензија од 20.000 до 32.000 денари ќе добијат покачување од речиси 1.250 денари.

Пензионерите со месеци беа на улиците и бараа линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари, како и промена на методологијата за покачување на пензиите.

Александра Велинова