Ден на шегата

Светски ден на шегата, на плоштадите во повеќе градови се организира маскенбал

01.04.2024 14:03

1-ви април, Светски ден на шегата. Најискрените - децата, велат дека лажат само денеска. Повозрасните признаваат дека освен денеска, знаат ненамерно да лажат и во други околности...

Разиграни кловнови, спајдермени, принцези, индијанци. Меѓу дечињата доминираа маските кои може да се купат во продавниците - јунаците од цртаните филмови.

Први април е највеселиот ден во годината и денот кога никој нема да ни се налути доколку се пошегуваме со него. Најискрените, децата, велат дека лажат само денеска.

Повозрасните признаваат дека освен денеска, знаат ненамерно да лажат и во други околности.

Денот на шегата со забавни манифестации се одбележува во повеќе општини.

Во Кисела Вода под слоганот „Маски, смеа, рингишпил-дојди во Шеговил!“, се организираше забава под маски за најмладите. Доделени и награди за првите три најдобри маски, а имаше поставен и забавен парк со најразлични реквизити, кловнови, аниматори, и музичка програма.

 

Ана Јосифоска Тодоровска