Македонија

Системот „Најди ме“ треба да се надградува

01.04.2024 14:08

Македонскиот систем за рано предупредување за исчезнати лица „Најди ме“ беше активиран со случајот на Вања. Од „Најди ме“ сметаат дека системот треба да се надградува...

Македонскиот систем за рано предупредување за исчезнати лица „Најди ме“ беше активиран со случајот на Вања, подоцна уште за еден случај за возрасно исчезнато лице од околината на Прилеп. Нашата соговорничка Радевска потврди дека покренатиот систем го опфатил семејството со кое биле во директна комуникација и сите потребни информации ги споделиле со целата јавност. Лицето било пронајдено многу брзо, но за жал починато. Од „Најди ме“ сметаат дека системот треба да се надградува.

Во соседна Србија каде јавноста ја потресе исчезнувањето на малата Данка, директорот на „Пронајди ме“, Јуриќ посочи дека системот за првпат се активира и би бил презадоволен доколку девојчето биде пронајдено наскоро. Со тоа вели Јуриќ системот би си го оправдал постоењето. За побрзо ширење на веста за исчезнување на лице сака да воведе вибер комуникација

„Вајбер ја има можноста секој граѓанин автоматски да ја добие фотографијата на лицето нешто што мобилниот оператор не го може. Второ тоа што во еден миг може да подели до 500 илјади пораки и тоа би значело дека во рок од 15 минути цела Србија би била информирана“, изјави Игор Јуриќ.

Во Австрија и Германија овие системи се речиси стопроцентно успешни. Во Германија искуството покажува дека околу 50% од случаите на исчезнати лица се решаваат во првата недела. За еден месец „стапката на завршување“ е веќе над 80%. Процентот на луѓе кои се исчезнати повеќе од една година е само околу 3%. Околу половина од сите исчезнати лица се деца и млади луѓе. На „Австрија те наоѓа“ пред три дена објавија вест дека 15 годишното дете Марлеон од Виена е вратено во своето семејство. Доколку се потврди дека на снимките направени од српски државјанин во Виена е малата Данка останува да се надеваме дека и таа наскоро ќе биде дома.

 

Фиљана Кока