МВР

Тошковски: Дисциплинска постапка за вработен во МВР

01.04.2024 14:16

Помошник-министерот во МВР дисциплински ќе одговара за хаосот со личните документи, утврдила внатрешна контрола. Лошо го спровел процесот за нивна промена согласно со преспанскиот договор. „Чешлана“ била документација од стапувањето на сила на билатералниот договор, февруари 2019-та, вели министерот Тошковски. Извештајот од внатрешната контрола доставен и до Јавното обвинителство...

Помошник министерот во МВР, дисциплински ќе одговара за хаосот со личните документи. Лошо го спровел процесот за нивна промена согласно со преспанскиот договор. Против него поткрената и почната дисциплинска постапка, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Пропуст во работата била утврдена и кај друг помошник министер, но за него истекол рокот од 12 месеци да се отвори постапка. Вината била утврдена од внатрешна контрола.

Министерот Тошковски, информира дека во периодов е намален бројот на барања за итна постапка за вадење лични документи. Но, сепак очекува во предизборниот период да се зголеми бројот, поради фактот што се очекува многу наши државјани да дојдат во земјава.

Зголемен број на барања за вадење нови лични документи се очекува за време на летните одмори. Од МВР, велат дека ќе направат се за да не се повтори сликата од зимава кога пред пунктовите имаше метеж.

 

 

Александра Спировска