Овчарството во криза, сточарите бараат слобода на пазарот
Годинава голем број јагниња останаа непродадени, велат сточарите. Не го сакаат законот за субвенции за продадено јагне, оти ги ограничува само на кланиците. Бараат слобода на пазарот и реални цени, оти падините во земјава нема да се белеат од стада …

Марјан Стојаноски од долненско Новоселани 24 години купува и одгледува јагниња и првпат му се случува да не ги продаде. Вели, кога кланичарите ги бараа беа мали, сега не ги купуваат оти се прераснати. Не сака да ги продаде по цена од 200 денари. Смета дека законот за субвенции за јагне по 1000 денари ако го дадат само на кланиците, е штетен и го дестимулира овчарството.
Трошоците се огромни, а сточарите ограничени. Не може слободно да нудат на пазарот. Драстично е намален интересот за овчарство. Само за една година, лани, фондот е намален за 9,2 проценти.
Јагнешкото во моментов го нема на пазарот. Во месарниците споменуваат цена од најмалку 800 денари за килограм за Велигден.
Елизабета Митреска
