Македонија

Престрелка во Арачиново, пукано кон градоначалникот

01.04.2024 15:03

Истерли од автоматско оружје во Арачиново. Во обид да го убијат градоначалникот, настрадал неговиот шофер и уште едно лице. Префрлени се во урентниот центар- по напаѓачите се трага...

Пукање и напад со автоматско огнено оружје денеска попладне се случило во Арачиново, а најверојатно целта на нападот бил градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибраими.

Во престрелката погоден e член на неговиот тим како и неговиот шофер, кои се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Кон Арачиново се упатени и полициски единици за обезбедување на местото и увид. Се очекува и официјална информација од МВР за инцидентот.