Штрајк на царинските службеници утре и задутре во Грција
Граничните премини од Грција кон соседните земји во наредните два дена ќе бидат затворени за сообраќај поради најавен штрајк на грчките цариници...

Граничните премини од Грција кон соседните земји во наредните два дена ќе бидат затворени за сообраќај поради најавен штрајк на грчките цариници.
Од утре во 6 часот изутрина преминот кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, ќе може да се помине пеш, иако не е исклучена можноста во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.
Велат дека исклучоци ќе има за товарните возила доколку се пренесуваат пратки коишто поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, и за автомобили, доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.
