Македонија
Прашина од Сахара над Македонија
01.04.2024 16:17
Втор ден сонцето во Македонија е блокирано од облак со прашина, кој преку воздушно струење доаѓа од пустината Сахара...

Втор ден сонцето во Македонија е блокирано од облак со прашина, кој преку воздушно струење доаѓа од пустината Сахара.
Синоптичарите велат дека облакот во моментов е присутен низ целиот Балкански Полуостров, придружен со засилен ветер од југозападен правец.
Од УХМР, појаснуваат дека ова е честа појава во пролетните месеци, а според прогнозата овој бран се очекува да ја одмине Македонија веќе од утре, по што ќе следува стабилно и топло време.
