Собрание

Изгласани измените во Изборниот законик

01.04.2024 16:36

Иако се распушти Собранието, денеска беше свикана итна седница, на која се планираа измени во Изборниот законик во последен момент. Измените се однесуваат на жрепката...

Измените во Изборниот законик изгласани во последен момент. Со нив се предвидува, во време на двојни избори, една жрепка во ДИК која ќе утврдува редослед и за претседателски и парламентарни избори. Тоа значи дека редоследот кој беше утврден за идниот шеф на државата, истиот ќе остане и на партиите за парламентарните избори.

Измените ќе важат за овој изборен процес. Партиите долго време беа со различни гледишта, но сепак успеаја на неколку дена пред стартот на кампањата за претседателските избори да постигнат консензус. Во среда пак, учесниците во изборната трка традиционално ќе го потпишат кодексот за фер изборен и демократски процес.

 

Викторија Милевска