Утре протестен маратон на ФИНКИ
Стартот на маратонот ќе биде во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар со крајна цел Влада на РСМ...

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ утре со почеток од 11 часот, ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ. Стартот на маратонот ќе биде во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар со крајна цел Влада на РСМ.
Маратонот се одржува под мотото „ФИНКИ НЕМА ЗГРАДА, ТРЧАМЕ ДО ВЛАДА“. По завршување на трката ќе се одржи мирен протест пред Владата на РСМ со цел подигнување на свеста во државата за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ.
- ФИНКИ во изминатиот период оствари повеќе средби со надлежните институции и се надева на позитивен исход и исполнување на дел од барањата кој ги поставивме на минатиот протест одржан пред владата на РСМ, се наведува во соопштението на ФИНКИ.
Фото: Архива
