Опозицијата прогласи историска победа на локалните избори во Турција
Турција се разбуди со нов политички колаж. Опозицијата прогласи победа на локалните избори во земјата, освојувајќи ги најголемите градови меѓу кои Истанбул и Анкара...

Турција се разбуди со нов политички колаж. Опозицијата прогласи историска победа на локалните избори во земјата.
Републиканската народна партија успеа да ја задржи контролата врз клучните градови, остварувајќи значителна придобивка и во други места.
Со преброени над 90 насто од гласовите, актуелниот градоначалник Имамоглу победи со огромна разлика во Истанбул, најголемиот економски центар во Турција.
И Анкара остана под раководство на опозицискиот градоначалник Манус Јавас. Ердоган, кој во предизборието жестоко се бореше да ја преземе контролата врз урбаните области, не ја криеше разочараноста, но го призна поразот.
