Србија отвори победнички
Потешко од очекувањата cрбинките пред своите фанови до победа на отворањето на Светскиот шампионат над јапонките, во меч во кој cрпските ракометарки влегоа како апсолутни фаворитки. 28:26 (10:13) конечен резултат за кој домашните ракометрки се изборија во последните 10-тина минуту од натпреварот.
“Игравме добро во првиот дел, но со ваков противник потребно е да се игра 60, а не само 40 минути” рече Мегуни ракометарката на поразената екипа.

Селекторот Јапонски, Масамичи со реален поглед на дуело: “Србија е подобар противник од нас, но ние се обидовме да изненадиме. Задоволен сум што прикажавме наш стил на игра. Моите ракометарки се полесни и пониски, но сепак верувавме дека можеме да победиме”.
Затоа пак Андреа Лекиќ капитенот на Србија и член на наш Вардар не е, а и не може да биде задоволна и покрај триумфот велејќи...”тешко е да се игра против таква екипа и да се адаптира на таков тип на игра, не сум задоволна од нашиот настап, но сепак ми е мили што победивме”.
Денеска на шампионатот се одигра само овој натпревар како отворање на мундијалот кој веќе од утре зема целосен залет со закажаните преостанати дуели од првото коло во четирите групи.
Во А групата, Црна Гора-Ј.Кореја, Франција-Конго и Холандија-Доминиканска Р.
Група Б, Бразил-Алжир и Данска-Кина
Во Ц, Ангола-Аргентина, Полска-Парагвај и Норвешка-Шпанија
и во Д групата, Унгарија-Чешка, Германија-Австралија и Романија-Тунис.
Ирена Андреевска-Димитриевска