Нема пријавени штети од вчерашното невреме во Охрид и Струмица

19.06.2014 10:30

Вчера попладне Oхрид и Струмица ги зафати силно краткотрајно невреме со поројни дождови и силен ветер. Во Охрид паѓаше град со големина на орев, но досега никој  не пријавил штети.

Во Струмица за десетина минути, колку што траеше невремето, поради тесната канализациона мрежа која не можеше брзо да ја апсорбира водата се наполнија улиците во долниот дел на градот. За среќа и во Струмица досега не се пријавени оштетувања на објектите.