Инцидент

Пукано од возило во движење, цел на нападот бил градоначалникот на Арачиново

01.04.2024 21:07

Две лица се сериозно повредени во вооружена престрелка во Арачиново. Маж со автоматско оружје пукал директно кон групата во која бил градоначалникот...

Две лица се сериозно повредени во вооружена престрелка во Арачиново. Маж со автоматско оружје пукал директно кон групата во која бил градоначалникот, додека вршеле увид во градежни работи на главната улица.

Според МВР, токму Ибраими бил цел на нападот, во кој двајца негови соработници биле повредени. Според МВР инцидентот бил пријавен пред 13.30, а мета бил градоначалникот, потврди министерот Тошковски.

Сподели информација за државната МИА дека во размената на огнот е повреден синот на неговиот возач, врз кој е извршена операција во Клиничкиот центар. Со прострелни рани на лекување во болницата Свети Наум е и 39-годишниот Е. С.

По наредба на Обвинителството се прибираат траги по инцидентот и се прават вештачење, издадена е наредба и за добивање на снимките од видеонадзорот на околните објекти

 

Игор Панов