Донесен е новиот Закон за вино
Донесен е новиот Закон за виното. Во него, за прв пат производствената цена на винското грозје ќе се дефинира, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Лозарите ќе имаат и гарантирана цена која ќе биде за 25 проценти повисока од производната …

Во новиот Закон за вино за прв пат ќе се дефинира цената на винското грозје. Најдоцна до 15 јули во тековната година за најмалку две најзастапени сорти – смедеревката и вранецот, откупната цената за на еден килограм ќе се утврдуваат со пресметување на трошоците за производство на грозје и за производство на вино. Постапката ќе биде со методологија што ќе ја утврдува Министерството заедно со високонаучна установа.
Исплатата ќе се врши врз основа на шеќерни единици. Доколку е под производната цена зголемена за 25 проценти, откупувачот е должен до Министерството да достави извештај за остварени приходи и расходи од откуп и продажба на винско грозје.
Лозарите ќе имаат и гарантирани цени кои ќе бидат 25 проценти повисоки од производните. Министерството за земјоделство преку годишните програми за финансиска поддршка ќе се грижи откупеното винско грозје да ја постигне оваа цена.
Овој закон е целосно усогласен со европските и со заштитата на географските ознаки. Традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака. Вината со географска ознака ќе треба да исполнуваат одредени барања во однос на квалитетот или географските карактеристики.
Методија Трајков
