Претседателски избори

Потпишување Кодекс за фер и демократски избори

02.04.2024 08:12

Првиот круг од гласањето за иден шеф на државата е на 24-ти април и ќе биде неработен ден...

Претседателските кандидати за претстојните избори денеска во просториите на Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски изборен процес. Првиот круг од гласањето за иден шеф на државата е на 24-ти април и ќе биде неработен ден.

На изборното ливче ќе се најдат седуммина претседателски кандидати, прв ќе биде актуелниот претседател Стево Пендаровски, следува кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, третото место ќе биде Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ, следува Бујар Османи од Демократската унија за интеграција, Билјана Ванковска од Левица, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и на последното, седмо место на гласачкото ливче ќе се најде кандидатот на партијата ЗНАМ Максим Димитријевски.