Парламентрни избори

До полноќ доставување на пратеничките листи во ДИК

02.04.2024 08:14

Во трката се пет коалиции. Кампањата за претседателските избори почнува в четврток и ќе трае до 22-ри април на полноќ...

Политичките партии и коалициите до денеска на полноќ треба да ги достават пратеничките листи за парламентарните избори. Во трката се пет коалиции. Кампањата за претседателските избори почнува в четврток и ќе трае до 22-ри април на полноќ. Политичките партии кои учествуваат на изборите, в среда ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза.

Потпишувањето на декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. Потпишувањето на оваа декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво, посочуваат организаторите.