Гранични премини
Поради штрајк на грчката царинска служба, целосен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“
02.04.2024 08:17
Товарниот сообраќај на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ се во целосен прекин од полноќ, а ќе бидат блокирани до утре на полноќ...

Товарниот сообраќај на граничните премини на Грција кон Македонија во следните два дена ќе биде во целосен прекин, додека патничкиот ќе се одвива периодично, поради дводневниот штрајк на грчката царинска служба. Товарниот сообраќај на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ се во целосен прекин од полноќ, а ќе бидат блокирани до утре на полноќ.
Патничкиот сообраќај на овие премини, според грчката амбасада во Скопје, ќе биде дозволен периодично, но не е познат точниот распоред, па на патниците им се советува во тој период да избегнуваат движење преку тие гранични премини.
