Сирија

Израел уништи ирански конзулат во Дамаск

02.04.2024 08:35

Во нападот загинаа неколку лица, меѓу нив и висок командант на иранската револуционерна гарда Мохамед Реза Захеди...

Во израелски воздушен напад погоден иранскиот конзулат во сириски Дамаск. Во нападот загинаа неколку лица, меѓу нив и висок командант на иранската револуционерна гарда Мохамед Реза Захеди. Сириските и иранските власти со осуда. Техеран најави одговор.

„Загинаа околу седум луѓе. Двајца полицајци кои ја обезбедуваа амбасадата се повредени. Сè додека не се расчисти теренот, не можам да дадам точни имиња и бројки. Ционистичкиот режим знае подобро од кој било дека таквите злосторства и кршењето на меѓународното право ќе имаат свој одговор во соодветно време“, изјави Хосеин Акбари, ирански амбасадор во Сирија.

„Најостро го осудуваме овој криминален чин извршен од ционистичкиот непријател, кој доведе до смрт невини граѓани кои минуваа по улица. Ја нагласуваме нашата позиција покрај нашите браќа и уверуваме дека Сирија и исламската република не ги забораваат своите непријатели“, изјави Фајсал Мекдад, министер за надворешни работи на Сирија.

Тврдокорните демонстранти во Техеран повикаа на одмазда. Израел, кој ретко ги признава таквите напади, рече дека нема коментар за последниот инцидент во Сирија, иако воениот портпарол претходно го обвини Иран за напад со беспилотно летало врз поморската база во јужен Израел.