Половина милијарда евра од извоз на храна
Годинава се очекува повеќе од половина милиjарда евра од извозот на храна од Mакедонија. Според Народна банка најмногу се продаваат овошјето, зеленчукот и нивните преработки...

Извозот на прехранбени производи бележи постојан пораст, а годинава е зголемен на 70 милиони долари што е три и пол пати повеќе во последиве 10 години.
Според податоците на Народна Банка, извозот на добиток до април изнесувал 600 илјади што е за 200 илјади долари повеќе од лани,а млечните производи и јајцата се на исто ниво.
Зголемување има и кај житните култури, а повеќе сме купиле месо и преработки за 1 милион долари.
Статистичките податоци ,пак за првите три месеци годинава, за увозот на шеќер и добиточна храна се скоро исти, а намалување има кај кафето и чајот.
Методија Трајков
