МТСП

Работна посета министерот Велковски на Југоисточниот регион

02.04.2024 08:36

Tеренски посети на Центрите за социјални работи кои периодов ги остварува министерот Ѓоко Велковски денеска и посети Центрите во Валандово и Гевгелија. Центрите за социјална работа мора да бидат сервис на оние на којшто се најпотребни.

Во рамките на теренски посети на Центрите за социјални работи кои периодов ги остварува министерот Ѓоко Велковски денеска и посети Центрите во Валандово и Гевгелија. Центрите за социјална работа мора да бидат сервис на оние на којшто се најпотребни. Ова го заклучивме од работната средба со вработените во ЦСР Гевгелија – потенцира Велковски.

„Центарот е првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тие не функционираат, системот се распаѓа. Евидентно е нефункционирањето на системот и слабостите кои денеска ги гледаме.“

Посетата на Центарот за социјална работа Валандово беше искористена да искористена да се разговара за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош. Раководството ми потврди дека се најдени вакви случаи и во наредниот период ќе се работи на ставање на системот на здрави нозе со цел социјалната помош да стигне до вистинските корисници.

Покрај работните средби беа остварени четири средби со пензионерите од Југоисточниот регион и тоа од Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Нивните барања и проблеми се скоро идентични. Велат дека никогаш не било полошо за нив.

Ги знаеме нивните барања и сигурен сум дека ќе има решение за истите. Дури 220.000 пензионери се со под 20.000 денари пензија. Така да тоа е две третини од вкупниот број на пензионери во државата коишто за жал примаат под 20 илјади пензија. Алармантна е навистина состојбата и ќе излеземе во пресрет на нивните барања коишто ги доставуваат до нас – посочи Велковски на средбите.