Протест
ФИНКИ ќе одржи протестен маратон под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“
02.04.2024 08:44
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ ...

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ. Маратонот е под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“. Стартот на маратонот ќе биде во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар, со крајна цел до Владата.
По завршување на трката, како што е најавено, ќе се одржи мирен протест пред Владата со цел подигнување на свеста во државата за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ.
Фото:/ Финки
