Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот
Втори април како Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот се одбележува од 2008 година, на предлог на државата Катар со одлука на Генералното собрание на ООН ...

Втори април како Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот се одбележува од 2008 година, на предлог на државата Катар со одлука на Генералното собрание на ООН. Од тогаш, во сите земји членки на овој ден се организираат настани кои имаат цел да го насочат вниманието кон нарушувањата од спектарот на аутизам и предизвиците со кои се соочуваат оваа група на граѓани и нивните семејства. Здружението „Сина светулка“ денеска, со повеќе активности, се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот, 2 Април.
„Сина светулка“ од 15:00 до 19:00 часот, на главниот влез на East Gate Mall, ќе овозможи едукација за потребата од визуелната поддршка кај децата со аутизам и ќе им овозможи на присутните, со помош на виртуелната реалност, да погледнат од перспектива на децата со аутизам. Здружението ќе информира и за проектните активности.
Фото:/ Autism Macedonia-Blue Firefly
