НАТО

75 години од Северноатлантскиот договор

02.04.2024 08:50

Со потпишувањето на Северноатлантскиот договор на 4-ти април 1949 година беше роден најголемиот воен сојуз во светот кога 12 нации се согласија да се спротивстават на Советскиот сојуз и потребите на Студената војна...

НАТО одбележува 75-години постоење. Со потпишувањето на Северноатлантскиот договор на 4-ти април 1949 година беше роден најголемиот воен сојуз во светот кога 12 нации се согласија да се спротивстават на Советскиот сојуз и потребите на Студената војна. По падот на Советскиот сојуз во раните 90-ти, повеќето членки на Варшавскиот пакт се приклучија кон НАТО.

Мисијата на Алијансата е обезбедување мир во Европа. Актуелниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг го завршува своето раководство со Алијансата, но членките не успеаја едногласно да ја изберат неговата замена.

Холандскиот премиер Руте и романскиот претседател Јоханис се меѓу можните наследници.