САД
Во Тексас регистриран птичји грип кај човек
02.04.2024 08:54
Пациентот бил третиран со соодветни лекови, а единствениот забележан симптом биле црвените очи...

Здравствените власти во Тексас потврдија дека едно лице е заразено со птичји грип, по неодамнешното откривање на вирусот кај кравите. Пациентот бил третиран со соодветни лекови, а единствениот забележан симптом биле црвените очи.
Мажот бил во контакт со крави за кои се претпоставува дека биле заразени. Ризикот по јавното здравје останува низок-велат властите.
