Грција

Во Грција затворени граничните премини поради штрајк

02.04.2024 09:01

Од изутрина преминот кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, може да се помине пеш, иако не е исклучена можноста во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови...

Граничните премини од Грција кон соседните земји денеска и утре затворени за сообраќај поради штрајк на грчките цариници. Од изутрина преминот кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, може да се помине пеш, иако не е исклучена можноста во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.

Исклучоци ќе има за товарните возила доколку се пренесуваат пратки коишто поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, и за автомобили, доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.